Има периоди во животот кога се чувствуваме преплавени од многу работа, чувства, стрес. Тогаш губиме волја, се демотивираме, ни се плаче, имаме негативни мисли итн. Сепак, тоа е нормално и може да му се случи на секого. Еве што советува психологот и психотерапевтот Ивана Хаџиванова.
Употребете СТОП ТЕХНИКА кога ќе се чувствувате преплавени:
С – стој, паузирај го тоа што го правиш, работиш, мислиш…
Т – направи техника на дишење со длабоко земање на воздух преку нос и долго и споро издишување од уста (3 пати). Исклучи го себе осудувањето.
О – Опсервирај ги своите мисли, емоции и телесни реакции. Пробај да видиш какви ти беа мислите па си предизвика негативни емоции…
П – Погледни ја големата слика, промени ја перспективата со која гледање на работите и продолжи со работата или дејноста. Имај фокус на помали делови од целината кон крајниот резултат.
М-р Ивана Хаџиванова
Психолог, Психотерапевт
ФБ: Гешталт Психотерапија
Тел: 075 273 768
Доколку сакате да читате повеќе, заследете го Смајли.мк на Фејсбук и Инстаграм.