Доколку сте љубител на серии со натприродни моќи, тогаш вреди да ја погледнете новата серија од Нетликс, „Always a Witch“ (Засекогаш вештерка).
Дејството се одвива во Колумбија, па јазикот на кој се говори е шпански – уште еден плус ако сте љубител на овој јазик.
Во серијата се работи за вештерка која во 17 век била осудена на смрт, но успева да преживее и некако завршува во 21 век. Излезена е првата сезона и има 12 епизоди. Патување низ времето и магија е совршена терапија за бегство од реалноста.
Погледнете го трејлерот и уживајте.