Додека тебе утробата те боли
Зашто некој нешто превртено ти рекол
Тие со сласт си се смеат и не им е гајле за твојата болка.
Додека ти ноќе не спиеш
Од тага што те заборавиле
Тие се радуваат на животот.
Додека тебе срцето ти се стега
Оти ти се чини дека тапкаш во место
Тие скокаат од успех во успех.
Се прашуваш зошто…
Се прашуваш каде е грешката…
Ова што се вика живот не е секогаш праведно
Не е секогаш лесно
Не е секогаш балансирано.
Додека ти мислиш на болката
Тие решиле да ја потиснат со насмевка.
Додека ти страдаш од несоница
Тие мирно спијат мислејќи дека се најдобри.
Додека ти се фокусираш на срцевиот ритам
Тие се трудат да успеат по секоја цена.
Така е оти мислиш дека светот е фер.
Така е оти мислиш дека љубовта е најважна.
Сè додека го очекуваш најдоброто од другите,
А најлошото од себе, немаш мир.
Сè додека очекуваш почитта да ти биде возвратена,
Нема да имаш сон.
Сè додека болката те води кон очај,
Нема да успееш.
Претвори ги очекувањата во неизвесност
Животот е неизвесен.
Претвори ги соништата во реалност
Животот не е сон.
Претвори ја болката во моќ
Животот не ти е даден за да тонеш.
-Х