Додека пејачите прават песни за љубовта и сексот, младата пејачка Мејбл пред неколку дена објави песна посветена на анксиозноста.
Мејбл има 23 години и оваа песна ја напишала инспирирана од нејзината борба со анксиозноста. Таа вели дека не било лесно додека ја пишувала песната бидејќи сепак, морала да гледа на позитивен начин.
Оваа песна е создадена за да ве потсети дека не сте сами во борбата, но и тоа дека океј е да не бидете океј. Силни сте. Можете!