Зошто е важно децата да читаат, а времето пред таблет да им биде ограничено?

Важна карактеристика на децата, всушност и општо на луѓето кои многу читаат е дека имаат добро развиени емпатски способности, открива М-р Ивана Хаџиванова Психолог/Психотерапевт. Читајќи литература во која се опишуваат најразлични човечки состојби, мислења и емоции, тоа уште од најмало се запознава со се што е човечко.

Читачот создава отворен ум за други култури иразлични стилови на живеење. Со читањето се развива вокабуларот и граматички способности, кои исто така ги подобруваат и пишувачките способности кои апсолутно ќе му служат низ животот, особено во ерата на комуникацијата.

Book, Asia, Children, Boys, Education, Girl, Indonesian

Критичкото мислење и мислењето насочено кон решавање на проблеми се развиваат значително брзо и добро кај деца што многу читаат. Детето читајќи, ќе научи да го задржи вниманието подолго и ќе има богата имагинација која води кон голема креативност.

Децата со тргнување во училиште учат да читаат и пишуваат, но често тоа преставува проблем бидејќи тоа се случува под мора, треба и присуство на учител. Како резултат на тоа, може да ја изгубат желбата за учење. Ако е таа желба пропратена со љубопитност и интерес и е потикната од претходно равиена интринзичка внатрешна мотивација, читачките и пишувачките способности ќе бидат многу поуспешни.

ДETE ШТО ЧИТА ЌЕ БИДЕ ВОЗРАСЕН КОЈ МИСЛИ

Girl, English, Dictionary, Study, School, Read, Book

Една од повеќето важни задачи и цели кои треба да ги има секој родител е да го научи своето дете да ужива кога чита и да ги засака книгите воопшто.

Трудот вложен во оваа активност нема да се залудно време и енергија потрошени на создавање на оваа исклучително позитивна навика. Децата кои сакаат да читаат ќе бидат одлични за што и да се определат во животот.

Читањето е вратата до знаењето и до континуираното надградување на личноста и интелектот кај човекот. Желбата за читање е поврзана со успехот во животот.

Од друга страна, навиката за долго и концентрирано читање ќе му ја олесни работата со предизвиците во животот понатака и со тешки и коплексни материјали во секој дел од образованието.

Тоа ќе се подготви за предизвикувачките материи со кои ќе се сретнува, а најбитно ќе му ги развие апетитите и зголеми аспирациите за се повеќе знаење. 

Бидете трпеливи да ја развиете љубовта кон книгата кај вашите деца уште од најмали. Бенефитите се огромни во многу аспекти. 

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s