Фотосесија од која срцата ќе ви запрат: Прентовиќ и Калунџиевска – воодушевувачки тим!

Во една малечка земја од која секојдневно се иселуваат еден куп луѓе, ние сè уште имаме ѕвезди кои силно светкаат и го бараат нашето внимание.

Уметноста е лек за душата и за уметникот и за моделот, а и за публиката. А кој не би сакал да си ги зацели раните со нешто магично за очи?

Нашите две ѕвезди се викаат Љиља Прентовиќ и Ивана Калунџиевска. Љиља е од Скопскиот регион, а Ивана од Преспанскиот регион на нашава земја.

@smajli_mk

И двете се студентки. Љиља студира на факултетот за ликовни уметности, но исто така е и тату артист. А Ивана студира англиски јазик и книжевност на Филилошкиот факултет.

Она што е интересно кај двете е што покрај нивниот впечатлив физички изглед, тие имаат и заедничка смисла за посебна убавина која можат да ја пренесат преку објективот на камерата.

Покрај литературата, Ивана ја обожава и модата, но и фотомоделството. Така, на нејзиниот Инстаграм профил можете да го видите нејзиниот посебен стил на изразување.

А Љиља како уметник, знае како да ги долови најсовршените агли на било кој фотомодел и тоа можете да го видите на нејзиниот Инстаграм профил. Е сега, замислете што се случува кога Љиља и Ивана ќе направат соработка. Излишни се зборови, па во продолжение погледнете ги фотографиите на кои моделот е Ивана Калунџиевска, а фотограферот е Љиља Прентовиќ.

Нели е воодушевувачки? Во продолжение прочитајте го интервјуто со Љиља Прентовиќ, најинтересно е од каде Љиља ја црпи инспирацијата.

Од кога почна да се занимаваш со фотографирање? Дали тоа е твоја единствена страст?

-Со сликање можам да кажам дека интензивно почнав оваа година,јуни. Го гледам како лично задоволство,преку тоа да изразам уметност и да проширам самодоверба кај луѓето.Секогаш сум сакала да фотографирам,но при тоа би го земала тетовирањето во прв план.

Од каде црпиш инспирација?

-Инспирација црпам од сонови, доста интересно и доста чудно,но многу пати сум станала од сон за да запишам и да реализирам како би се изведувало тоа.

Како се најдовте со прекрасната Ивана? Дали соработката беше предизвикувачка? Што те привлече најмногу кај неа за да застане пред твојот објектив?

-Со Ивана се запознавме преку Инстаграм. Јас имав ставено на стори дека барам модел со добри идеи, што ако би ми се допаднало би сакала да ги фотографирам. И пред да ми пише Ивана, јас ја имав во план. Одлична ни беше соработката – сосема задоволни бевме и двете. Кај нејзе ме натера да се инспирирам нејзиниот став – таа е сосема своја, уникатна и со добра визија. Едноставно ја обожавам!

Имаш ли во иднина планови за следни фотосесии?

-Секако, имам некои идеи кои што би сакала да ги реализирам што поскоро.

Што мислиш: дали е важно фотомоделот да биде фотогеничен или поважно е фотограферот да знае да ги открие добрите агли?

-Не. Туку баш напротив – според мене најважно е да има слобода, не е важно дали е фотогеничен/на. Ниту местото, ниту убавината на човекот нема да бидат тоа-тоа ако моделот не биде опуштен пред камерата.

Не заборавајте да ги заследите Ивана и Љиља на нивните Инстрагам профили – има што да се гледа. И двете се отворени за соработки, и можете да ги контактирате на Инстаграм.

Преземањето на фотографиите е забрането, освен со дозвола од фотомоделот и фотограферот. Исто така, содржината на оваа статија е забрена за преземање, освен во договор со авторот кој може да го контактирате на Инстаграм Смајли.мк или Фејсбук Профилот – Смајли.мк.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s