Интегрална проја – рецепт за вкусна и здрава храна!

Почетокот на летото можеме да го означиме со споделување на еден лесен и здрав рецепт за интегрална проја. Рецептот е на Зачинето со љубов.

Интегрална проја – рецепт

Фотографија: Зачинето со љубов

Потребни состојки:

  • 2 чаши (200ml) пченкарно брашно
  • 1 чаша интегрално брашно
  • 2 чаши кисела вода
  • 100 мл маслиново масло
  • 1 пециво
  • 1 лажичка сол
  • 150 гр семки по желба (сончоглед, лен, семки од тиква, сусам)

Начин на подготовка

Во длабок сад прво ги мешаме брашната и пецивото, па ги додаваме останатите состојки.

Убаво се промешува, па смесата се става во тава за печење и се наросува со семки.

Се пече на 200 степени, 30 мин.

Уживајте и заследете го инстаграм профилот на Зачинето со љубов. И за многу повеќе содржини следете го нашиот Фејсбук профил и Инстаграм профил.

Напишете коментар