За сите кои ја победиле битката со некоја болест

Оваа кратка поема со силно значење ја сподели наша читателка Ива Пуовиќ.

Денот кога дознав дека умирам,
обичен ден како и секој друг.
Навидум сончево,
ведро небо,
за миг времето стои.
Слушам еден звук,
биење, срцето дава знак.
Денот кога дознав дека умирам,
ја прегрнав мајка ми,
се извинив пред татко ми
што во ова лудо време,
брза трка и силно темпо
од милион обврски,
пропуштени прегратки,
заборавени семејни трпези.
Денот кога дознав дека умирам,
видов слобода.
Мислите уморни се толку неважни,
сите солзи залудно потрошени,
болат само зборовите
неизговорени.
Денот кога дознав дека умирам,
единствениот ден
во кој сфатив дека живеам.

-Ива Пуовиќ
За сите кои ја победиле битката со некоја болест.

Напишете коментар