Моралните вредности изумираат, а пластичната убавина е тренд

Ако се наоѓате во некој свет каде што не сте задоволни од себеси и вашиот живот, тогаш прочитајте што има да каже нашата читателка Ива Пуовиќ:

Неодамна во едно интервју на познат психотерапевт прочитав – „Се повеќе од младите девојки кои доаѓаат на терапија кај мене не се сакаат себеси и се незадоволни од изгледот на нивното тело, носот, усните и така натаму.“

Овие зборови доволно ме испровоцираа за да го кажам следново: „Живееме во време во кое моралните вредности се на последно место, а природната убавина и харизма е заменета со пластични тела. Се повеќе млади девојќи се угледуваат на „познати“ старлети со нереални и извештачени критериуми за убавина.“

Згрозена од овие факти ви велам:
ПРЕСТАНЕТЕ да бидете оптеретени со вашиот изглед, килажа, големина на усните, должина на трепки.  
Престанете со лоши диети кои го нарушуваат вашето здравје и ве доведуваат до изгладнетост. 
Не сонувајте за операции со кои драстично ќе го промените изгледот. 

Не се споредувајте со другите, бидејќи ништо не е така како што изгледа, навидум совршено.
Не постојат убави и грди,  има само позитивни и негативни луѓе.

Досега сум сретнала не толку совршени лица кои пленат со својата харизма и позитивна енергија. Луѓе кои научиле како да се сакаат себеси со сите свои предности и мани. Девојки на кои не им е потребен тон шминка за да ја покажат насмевката.

Тие кои повеќе  би останале дома со добра книга отколку да се во лошо друштво само поради потребата од припаѓање.
Карактери со цврст став , мудро излагање и вистински вредности, кои од светот прават подобро место за живеење.
Работа на себе не подразбира тон шминка, пластични лица, дрска основа во замена за цврст став, споредба со други, љубомора и лажно, набилдано его.
Се додека сте лоши копии и се трудите да ги задоволите наметнатите критериуми, никогаш вистински нема да ја почувствувате магијата на уникатноста која ја поседувате.

-Ива Пуовиќ

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s