Капките брзо паѓаат од горе
А има нешто во нивниот ритам
Ти ги оспорува мислите.
Мирисот на водената земја
Лесно патува низ ноздринките
И ти ја лади душата што низ суша прошла.
Си седиш на балконот
Дур пријатна ладовина ти го гали телото,
А чајот од мајчина душица
Ко мајчина љубов ти ги грее рацете.
Калливо и мрачно,
А толку совршено,
Сакаш да потрае.
Замижуваш и се препушташ на природната мелодија.
Отвораш очи и се восхитуваш
На кристалните капки паднати врз лисјата на раната есен.
Украсен почеток на крајот,
Крај кој води кон ново раѓање.
-Х