Празни зборови

Празни зборови

Избери сила,

Избери моќ,

Избери среќа,

Не се предавај,

Не се заборавај,

Најди начин,

Најди начин да не се изгубиш.

Животот е таков,

Сите знаат оти не е лесно,

Ништо не доаѓа лесно,

Контролирај се…

-Тоа сакаат да те научат,

Празни зборови за тебе.

Оти не знаат дека глува си,

Дека слепа си,

Дека затворена си,

Просто – не си ти.

Не слушаш ништо,

Освен тие внатре.

Не гледаш ништо,

Освен бездна.

Сакаш да се ослободиш,

Ама се стегаш уште повеќе.

Сакаш да се разбудиш од кошмарот,

Ама кошмарот го живееш,

И знаеш дека само во сонот си слободна.

Диши.

Можеш.

Ќе бидеш добро.

Ако сакате да читате повеќе, заследете го Смајли.мк на Фејсбук и Инстаграм.

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s